Актерката Шенон Ричардсон уапсена поради сомневања дека на американскиот претседател Барак Обама и њујоршкиот градоначалник Мајкл Блумберг им испраќала писма со рицин.
35 годишната Ричардсон, мајка на пет деца која во моментот го очекува шестото, прво го обвинила својот трет маж за испраќање на тие писма, меѓутоа истражителите утврдиле дека таа ги испраќала писмата со отров до Обама и Блумберг.
Агентите облечени во заштитни комбинезони во текот вчерашниот ден го пребарале домот на актерката во Њу Бостон.
Доколку судот ја прогласи за виновна, може да добие до десет години затвор.
Уште едно лице е уапсено во сојузната држава Вашингтон во врска со писмата со рицин испратени до еден судија, локалната воздухопловна база, поштата и претседателот Обама.