АКТА е одбиена

Од:

Според првите информации, кои една од пратеничките на Европскиот парламент ги поставила на својот Твитер профил, АКТА не е усвоена.

Против гласале 478 пратеници, за 39, а воздржани биле 165.

На денешната седница на Европскиот парламент, Одборот за меѓународна трговија одлучи дека АКТА претставува закана за личните слободи и приватноста на граѓаните на Европската Унија.

Портапролот на Европскиот парламент Дејвид Мартин, изјави дека борбата против пиратеријата и фалсификаторството е многу важна, но дека тектот на оваа спогодба е премногу нејасен и дека токму поради тоа претставува закана по индивидуалните слободи.

АКТА, која предвидува остри казни за кршењето на авторските права, во јануари ја потпишале 20 од 27 земји членки на Европската Унија. Но од потпишувањето во јануари до денеска насекаде низ светот одржани се голем број протести против оваа спогодба, па некој Влади кои првобитно ја потпишаа АКТА подоцна ги повлекоаа своите потписи.

Би можело да ве интересира

Усвоена резолуциија за слободата на изразување на интернет

Емир Латифовиќ

Утре гласањето за ACTA

Ана Ололовска