Акциите на медиумската компанија на Доналд Трамп скокнаа за 50 отсто на отворањето на берзата

Од:

Акциите на медиумската компанија на поранешниот американски претседател Доналд Трамп TMTG, кои денеска за прв пат се појавија на њујоршката берза Насдак, поскапеа за 50 отсто веднаш по почетокот на тргувањето.

По 20 минути од отворањето на берзата, повеќе од 6,5 милиони акции на компанијата на Трамп се сменија, пренесува CNN (CNBC).

Акционерите на компанијата „Digital World Acquisition“ неодамна го одобрија спојувањето со компанијата на Трамп TMTG, која стои зад мрежата „Truth Social“ и со тоа овозможија новата компанија да излезе на берза под симболот „DJT“, кои се иницијали на Трамп.

Агенцијата АП тврди дека многу од инвеститорите во „Digital World Acquisition“ се претежно мали инвеститори кои се обожаватели на Трамп или се обидуваат да заработат од манијата околу Трамп.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата