Влади не успеале да заштитат милиони цивили од насилства преземени од држави и вооружени групи, објави Амнести интернешнал во годишен извештај за состојбата со ччовековите права во светот.
– Срамен и неефективен меѓународен одговор за конфликтите во Блискиот исток и во Сверна Африка предизвикал страдања за милиони луѓе и масовни непочитувања на човековите права, наведува Организацијата.
– 2014 година беше катастрофална за милиони кои западнаа во насилства, наведе генералниот секретар на Амнести интернешнал, Салил Шети.
Групата најмногу ги посочува Сирија, Ирак и Либија, држави во кои милиони луѓе беа принудени да бегаат од насилствата.
– Глобалниот одговор за конфликтите и малтретирањето што го предивикаа влади и вооружени групи беше срамен и неефективен, нагласи Шети.
Според нив, СБ на ОН не се справил со насилствата во Сирија, Ирак, Газа, Израел и Украина. Амнести интернешнал ги повика петте постојани членки на СБ на ОН да с еоткажат до правото на вето во ситуации на геноцид и други масовни злосторства.