АИ: Новите антитерористички закони во Европа се дискриминирачки

Од:

Низата нови антитерористички закони ширум Европа ги дискриминираат муслиманите и бегалците, ширејќи страв и отуѓеност, соопшти денеска меѓународната организација за заштита на човековите права „Амнести интернешенел“ (АИ).

Во денеска објавениот извештај на АИ се алармира поради безбедносните мерки кои се усвоени во последните две години во 14 земји-членки на ЕУ, вклучително проширените надзорни овластувања.

Во тој период, во екстремистички напади убиени се околу 280 луѓе во Франција, Белгија и Германија, а за нападите одговорноста воглавно ја презеде Исламска држава. Нападите ги зголемија тензиите поради имиграцијата, но и порасна популарноста на десничарските партии, а безбедноста стана клучна тема за претстојните избори во Франција, во Холандија и во Германија.

– Ширум регионалниот простор на ЕУ гледаме како муслиманите и странците се изедначуваат со терористите. Таквите стереотипи несразмерно ги погодуваат тие заедници, да меѓу нив постои висок степен на страв и отуѓеност, изјави Џулија Хол, експерт на АИ за антитероризам и авторка на извештајот.

Таа предупредува дека „драконските“ надзорни мерки и овластувања за истрага, притвор и апсење како тие што се воведени во Франција од ноември 2015 година, кога при напади беа убиени 130 луѓе, би можеле да бидат злоупотребени против активистите или малцинските групи кои не претставуваат вистинска закана.

АИ тврди дека новите мерки против глорифицирање или пропагирање на тероризмот го намалуваат просторот на слобода на изразување, додавајќи оти во Франција во 2016 година малолетниците биле една третина од над 280 лица кои биле гонети поради заговарање на тероризам.

Меѓународната организација за заштита на човековите права ја осуди „орвеловската“ злоупотреба на полицискиот час, ограничувањето за патување и полициските проверки над поединци кои не се осудени за злосторства и често не знаат зошто се обвинети.

Би можело да ве интересира

Русија ги затвора сите канцеларии на Амнести Интернешнал и Хјуман Рајтс Воч

Ана Ололовска

Амнести интернешнал: Светските сили овозможија плодно тло за судири во 2021 година

Ана Ололовска

Амнести: Фармацевтските компании предизвикаа „катастрофа на полето на човековите права во 2021 година“

Ана Ололовска

Амнести интернешнл ги повика САД да ги отфрлат обвиненијата против Асанж

Ана Ололовска

Амнести интернешнл ги затвора двете канцеларии во Хонг Конг

Ана Ололовска

Амнести Интернешнл: Кина и Блискиот исток со најмногу смртни казни

Ана Ололовска