Невладината организација Амнести интернешанл (АИ) го осуди денеска во својот извештај „срамниот неуспех“ на акцијата на меѓународната заедница да ја реши „најлошата бегалска криза од Втората светска војна“ и ги повика државите на поголема соработка.
– Од Андаманското Море до Медитеранот луѓето умираат очајнички барајќи безбедно место. Бегалската криза е еден од големите предизвици на 21. век, но одговорот на меѓународната заедница е срамен неуспех. Потребна е радикална реформа на политиката и праксата за да се изработи кохерентна светска стратегија, изјави Салил Шети, генерален секретар на невладината организација за заштита на човековите права.
Во извештајот АИ и дава препораки на меѓународната заедница, меѓу кои е основање на фонд за бегалци и заедничко ангажирање за сместување на милиони бегалци во следните четири години.
– Ситуацијата е посебно тешка за четири милиони сириски бегалци, од кои 95 отсто живеат во пет соседни земји на Сирија: Турција, Либан, Јордан, Ирак и Египет, се нагласува во извештајот на АИ.