АИ ги обвини украинските и проруските сили за воени злосторства

Од:

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести Интернешнал“ (АИ) ги обвини спротивставените страни во украинскиот конфликт за воени злосторства, вклучувајќи неселктивно гранатирање, киднапирања, малтретирања и убиства, се наведува во извештајот кој е составен пред воспоствување на примирјето.

– Страните во конфликтот покажале негрижа кон животите на цивилите и грубо кршење на меѓународните обврски, нагласил во извештајот генералниот секретар на АИ, Салил Шети.

Истражувачите на АИ разговарале на терен со цивилите кои ги напуштаат градовите во источниот дел на Украина, тврдејќи им дека украинските сили интензивно ги бомбардирале нивните населени места.

– Нивните сведочења укажуваат дека нападите биле неселективни и можат да претставуваат воени злосторства. од друга страна, сведоците изјавија дека и сепаратистичките борци киднапирале, физички малтретирале и убивале нивни соседи, се додава во документот.

АИ, исто така, наведува дека Русија, која Западот ја обвинува дека тајно испраќа трупи и тешка артилерија во Украина како помош за проруските сили, „ги поттикнува злосторствата на сепаратистите во земјата“.

Оваа организација, со седиште во Лондон, потврди и дека поседува сателитски снимки и сведоштва, кои претставуваат „доверливи докази“ за приливот на руско оружје во источниот дел на Украина.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми