АфД: Ќе ја промениме Германија

Од:

Германската антимиграциска и крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД), која по денешните избори првпат влегува во Парламентот, вети дека ќе ја промени земјата.

– Одиме по Меркел. Ќе ја вратиме нашата земја и нашиот народ – порачаа од оваа партија, која сега е трета политичка сила во државата.

Потпретседателот на АфД Алис Вајдел најави и дека оваа партија ќе побара да биде формирана парламентарна комисија која ќе ги испита прекршувањата на законите на канцеларката Меркел во врска со бегалската криза.

Вајдел вети дека партијата ќе биде конструктивна опозиција во парламентот.

Инаку. АфД освои 13,5 отсто од гласовите во Германија, но доби дури 21,5 отсто поддршка во петте провинции во поранешната комунистичка источна Германија и таму таа е на второ место, по конзервативците на канцеларката Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Тела на маж и жена најдени во резервоар за ѓубриво на фарма во Германија

А1он