Аеродромот во Доњецк повторно цел на напад, четворица украински војници убиени од прогласување на примирјето

Од:

Аеродромот во Доњецк беше вчера цел на напади, се наведува во соопштението на командата на специјалната операција, која Киев ја спроведува во источна Украина против проруските сепаратисти.

Аеродромот во Доњецк е под контрола на украинските сили.  Синоќа четири пати бил цел на минофрлачки напад и на напад со системите Град. Во нападот нема жртви и ранети.

Истовремено претставникот на украинското Министерство за одбрана, Виталиј Андронати изјави дека четворица украински војници се убиени од почетокот на прогласувањето на примирјето во источна Украина.

Тој додаде дека се ранети 29 украински војници од почетокот на примирјето, кое стапи во сила во петокот и во голема мера се почитува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми