Администрацијата разгледува поместување на крајнот рок за даночни пријави за граѓаните на САД

Од:

Во Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп размилуваат за поместување на рокот до кога Американците можат да пријават данок, како една од мерките за намалување на економскиот притисок, по нестабилноста на пазарите поради коронавирусот.

Рокот за испраќање даночни пријави во САД обично е до средината на април. Обврзниците дотогаш треба да укажат дека ги измириле даноците за изминатата година, во спротивно може да платат казна.

Властите сега размислуваат за продолжување на овој рок, но конечниот датум се уште не е утврден, дознава „Волстрит журнал“.

Синоќа, во уште неколку сојузни држави на САД, како Масачусетс, Колорадо и Северна Каролина, беше прогласена вонредна состојба поради новиот коронавирус.

Во САД досега се забележани над илјада случаи на инфекција, а 29 лица починале поради компликации од заболувањето.

Би можело да ве интересира

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп