Абдула Ѓул: Расизмот и нетолеранцијата може да предизвикаат нов Холокауст во Европа

Од:

Турскиот претседател Абдула Ѓул предупреди на опасноста од „нов Холокауст“, доколку продолжи расизмот и недостигот на толерантност кон различните култури и религии во Европа, објави турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

– Исламот и имигрантите во Европа ги има со векови. Додека луѓето во Европа на претставниците на различните култури и религии не им пристапат со толерантност, можно е да се случуваат нови убиства, дури и како оние злостроства во Сребреница, рече Ѓул во Анкара на отворањето на меѓународниот симпозиум на тема „Миграцијата, исламот и мултикултурализмот во Европа“.

Турскиот претседател уште посочи дека расизмот и недостигот на толерантност се некои од главните „заболувања“ на западните општества.

Ѓул посвети внимание и на зголемувањето на поддршката за политичките партии во Европа, кои тврдат дека имигрантите се главната причина за проблемите, поврзани со безбедноста, невработеноста, криминалот и сиромаштијат во европските земји.

Тој го истакна и на значењето на новиот закон за регулирање на имиграцијата и давање засолниште, донесен од турскиот Парламент на 4 април. Турскиот претседател го одобри законот на 10 април. ЕУ и повеќе организации за заштита на правата на човекот го поздравија донесувањето на долгоочекуваниот закон.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски