Околу 7.000 иматели на странски пасоши од 60 земји чекаат да го напуштат Појасот Газа, соопшти денеска египетското Министерство за надворешни работи. Министерството ги покани претставниците на странските амбасади на состанок во Каиро за да ги информираат за документите потребни за влез во Египет со палестинската територија разурната од војна.
Не е јасно дали 7.000 лица се само странски државјани или Палестинци со друг пасош. Исто така, не е јасно дали има други странци во Газа кои не сакаат да заминат.
Вчера стотици странски државјани и Палестинци со двојно државјанство ја напуштија Газа и влегоа во Египет за прв пат по избивањето на војната меѓу Израел и Хамас. Некои тешко повредени Палестинци, исто така, беа префрлени на лекување во Египет преку преминот Рафах.