33 загинати во пожар во фабрика во Индија

Од:

Најмалку 33 лица загинаа, а десетици се повредени денеска во пожар во фабрика за  пиротехнички материјали во јужната индиска држава Тамил Наду, соопшти локалната полиција.

Поголемиот дел од жртвите се работници во фабриката. Полицијата не може да утврди колку од вкупно 250 работници во фабриката биле заробени внатре.

Не можеме да влеземе во фабриката поради чадот. Бројот на жртвите може да се зголеми, изјави полициски службеник.
Пожарот избувнал во магацинот и брзо се проширил низ фабриката. Експлозијата се случила изутринава додека се мешале хемикалии за пиротехнички средства.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати