Најмалку 26 лица загинаа во денешните насилства, а околу илјада семејства се заглавени во Хомс, заобиколени од режимот и изложени на насилство, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.
Таа побара од Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун итно да интервенира за да престане постојаното бомбардирање и да се евакуираат овие заробени семејства.
Генералот Роберт Муд, раководител на набљудувачите на ОН, најави суспензија на нивната мисија, поради интензивирањето на нападите во земјата каде што народот се буни повеќе од 15 месеци.