26-годишник ќе биде обесен утре во Иран без судење поради учество во протестите

Од:

Иран наводно планира да го погуби 26-годишниот Ерфан Солтани, во она што би било првата егзекуција поврзана со масовните антивладини протести што ја зафатија земјата. Групите за човекови права велат дека Солтани, кој беше уапсен минатата недела во Карај, ќе биде обесен утре без судење, објави NDTV.

Солтани беше уапсен во саботата за време на протест во Карај и обвинет за „водење војна против Бога“, кривично дело казниво со смрт во Иран. Норвешката невладина организација „Иран човекови права“ (IHR) објави, повикувајќи се на извори, дека „на неговото семејство му е кажано дека е осуден на смрт и дека казната треба да се изврши на 14 јануари“.

Друга група, Националната унија за демократија во Иран (NUFD), соопшти дека на Солтани му е одбиен пристап до адвокат. „Неговиот единствен криминал е борбата за слободата на Иран. Бидете негов глас“, објави групата на социјалната мрежа X. Независна потврда за егзекуцијата сè уште не е можна поради прекинот на комуникациите во Иран, кој властите го користат за да се обидат да ги потиснат протестите.

МХР соопшти дека ја потврдил смртта на 648 лица за време на протестите, вклучувајќи девет малолетници, но предупреди дека вистинскиот број е веројатно многу поголем, при што некои проценки велат дека бројот е повеќе од 6.000. „Прекинот на интернет го отежнува независното потврдување на овие извештаи“, соопшти МХР, додавајќи дека околу 10.000 лица се уапсени.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 3.000 луѓе загинаа во протестите во Иран

А1он

Иранка која избега од Техеран сведочи: „Гардистите им пукаат на сите во глава“

Фидан: Турција се противи на насилство врз Иран, дијалогот е единствениот пат

Ниту еден македонски државјанин не побарал помош за евакуација од Иран

Израел и Иран постигнаа таен договор преку Русија

ВИДЕО: Иран заплени десетици антени на „Старлинк“