23 загинати, а 50 исчезнати во поплави во Индија

Од:

Вкупно 23 лица загинаа, а 50 се водат како исчезнати за време на тридневните поројни дождови кои предизвикаа поплави во северниот дел на Индија, соопштија локалните власти.

Официјалниот претставник во државата Утараканд, Амит Неги изјави денеска дека само во еден дистрикт загинале повеќе од 10 лица.

Во областа Алмора три лица загинале кога еден автобус бил затрупан при лизгање на земјиште, предизвикано од монсунските дождови, а уште тројца настрадале кога трикатна зграда се урнала во река и била однесена од надојдената вода.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати