22 години затвор за жената која му испрати отровно писмо на Трамп

Од:

Канаѓанката Паскале Фериер е осудена на 22 години затвор поради испраќање писмo со отровот рицин на Доналд Трамп додека беше претседател на САД.

Смртоносниот плик адресиран до Трамп беше пресретнат во септември 2020 година пред да биде доставен во Белата куќа.

Фериер пред судот рече дека жали што нејзиниот план не успеал и дека „не можела да го спречи Трамп“. Таа исто така рече дека себеси се гледа како активист, а не како терорист.

– Сакам да најдам мирни средства за да ги постигнам моите цели – додаде Фериер.

Таа во текот на судењето призна дека го направила рицинот во нејзиниот дом во Квебек и дека го ставила во пликото со писмото.

Окружниот судија Дабни Фридрих ја осуди Фериер на 262 месеци затвор. Таа ќе биде депортирана од САД по отслужувањето на казната.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата