Во ракетен напад врз воената база во близина на Лавов загинаа 20 лица, соопштија за Гардијан од службите за итни случаи.
Лук Хардинг од Гардијан, лоциран во Јаворив, каде што се наоѓа базата, рече дека бројот на загинати го надминал оној наведен од гувернерот Максим Козитски. Тој кажа дека загинале девет лица, а 57 биле ранети.
Ракетниот напад се случил во 5 часот и 45 минути. Две големи експлозии можеле да се забележат во базата која се наоѓа во близина на полската граница.
„Прозорите ми се тресеа. Целата куќа вибрираше. Беше темно. Небото беше осветлено од две експлозии“, изјави Степан Чума (27), вработен во Брзата помош кој отишол да интервенира.
Тој рече дека е потврдено дека загинале 20 лица.
Деветнаесет амбулантни возила со сирени беа забележани како брзаат од правец на базата, рече сведокот, пренесува Ројтерс.
Забележани се уште седум возила на брза помош како брзаат кон базата.