20 загинати во двојниот напад во Дамаск

Од:

Најмалку 20 лица беа убиени денеска во двојниот напад со автомобили-бомби во реонот на сириската престолнина Дамаск, соопшти опозициската група Сириски центар за набљудување на човековите права.

Претходно, сириските државни медиуми јавија за неутврден број загинати во двојниот бомбашки напад на централниот плоштад во Џараманана, десет километри југоисточно од Дамаск, при што биле предизвикани големи штети..

Џарамана е населен претежно со христијани. Поголемиот дел од локалните жители го поддржуваат режимот на Башар ал Асад.

Во последните месеци во градот беа извршени неколку напади.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад