Додека очите на целиот свет се насочени кон Кина, каде досега од новиот коронавирус починаа 41 лице, на социјалните мрежи многумина воочија случајност која е многу чудна. Поточно, на секои 100 години светот се соочува со ужасна епидемија што одзема многу животи.
Во 1720-та година во Марсеј се појавила „црната смрт“ – чума. Ова беше последната голема епидемија на бубонската чума во Европа.
Од болеста настрадаа околу 100 000 луѓе – 50.000 во текот на две години во самиот Марсеј, како и други 50 илјади во северните провинции и градови. Се верува дека чумата ја донеле морнари кои претходно го посетиле Кипар, каде што инфекцијата беснеела.
Европа сè уште се опоравувала од оваа загуба кога, скоро 100 години подоцна, изби првата пандемија на колера. Колера избувна во Бенгал во 1816 година, но до 1820 година се раширила низ цела Индија. Стотици илјади Индијци и десетици илјади британски трупи загинале за време на оваа пандемија. Избувнувањето на колера се раширила сè до Кина, Индонезија, каде повеќе од 100.000 луѓе подлегнале на болеста само на островот Јава, и Каспиското Море во Европа и Азија, по што се смирила.
Шпанската треска се појавила на крајот на Првата светска војна и се проширила низ целата земја во три бранови. Траела од 1918 до март 1920 година. Сепак, најголем број жртви се забележани во само неколку есенски месеци од 1918 година. Иако човечките цивилизации одамна биле свесни за болеста наречена грип или инфлуенца, пред 1918 година никој не претпоставувал дека ефектите од грипот може да бидат толку драматични. Од инфлуенца настрадале околу 50 милиони луѓе, што значи дека однела пет пати повеќе животи од Првата светска војна.
Повторувањето на годините 1720, 1820, 1920 натерало некои луѓе, но и љубителите на теориите на заговор, уште повеќе да се исплашат сега кога новиот коронавирус се шири во и од Кина.
– Се чини дека на секои 100 години избувнува некоја пандемија, е коментар што често се повторува на социјалните мрежи.
Европскиот центар за превенција и контрола на болести издаде соопштение дека вирусот стигнал и во Европа, со три случаи пријавени во Франција. Тие рекоа дека ова не е „неочекуван“ развој на настаните, но „фактот дека се утврдени случаите докажува дека откривањето и дијагностицирањето на новиот вирус имало резултати во Франција и покажува високо ниво на подготвеност за спречување на можни инфекции“.