Министерството за здравство во Газа соопшти дека од 7 октомври досега во таа палестинска енклава во израелските напади убиени се 26.900 Палестинци, а 65.949 се ранети.
Портпаролот на Министерството, Ашраф ал Кудра на прес-конференција прецизираше дека само во последните 24 часа загинале 150 Палестинци, а 313 се ранети.
Тој додаде дека многу луѓе се уште се заробени под урнатините и на патиштата, а спасувачите не можат да стигнат до нив.
Според податоците на Обединетите нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.