13 жртви во судирите кај Алепо

Од:

Најмалку десет војници и тројца бунтовници се убиени во судирите од почетокот на офанзивата на сириската армија врз градот Алепо, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

На други места ширум земјата загинати се вкупно 31 лице – 14 цивили, 13 бунтовници и четворица војници.

Силите на режимот се обидоа да го преземат квартот Салахедин, но благодарение на Господ хероите на Сириската слободна армија засега се одбранија од нападот. Досега имаме уништено шест автомобили и тенкови, изјави командантот на бунтовничкиот воен совет во Алепо, полковник Абдел Џабар ал Окаиди.

Тој потврди дека околу квартот се распоредени околу 100 тенка, кои се префрлени од западната област Хамдание.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад