Најмалку 12 либански милитанти се убиени откако упаднале во заседа на сириската армија во област на провинцијата Хомс, пренесува Ројтерс. Изворите велат дека групата од Либан е убиена во близина на градот Тел Калах.
Опозициските извори истакнуваат дека “исчезнале” 30 либански борци, исто така се наведува дека во нивната група имало и 9 сиријци, како и поединци од Либија, Египет и Јемен.
Дека добар дел од “бунтовниците” во Сирија се странски милитанти не е никаква тајна. Можеби би било претерано да се каже дека странците се побројни – и покрај фактот дека во некои области навистина се – но едно е сигурно, странските борци го презедоа лидерството во војната против сириската војска, од проста причина што тие се далеку поискусни, учествувајќи во претходните конфликти, тоа првенствено се однесува на либијците спонзорирани од НАТО.