20:55 Заврши протестот во Скопје.
20:22 Запалени фотографии од Иванов и Груевски пред Влада.
20:17 Боја врз платната со ликовите на Груевски и на Иванов
20:14 Демонстрантите пристигнаа пред влада и поставија слики на Груевски и Иванов на кои пишува „Мафија“ и „Аболиција“.
20:11 #Шарената револуција во колона се движи кон Владата.
20:00 Јас сум Слобода. Имам ограда од 2.000.000 евра. А што имаш ти?
Демонстрантите поставија огромен транспарент на мостот „Слобода“, кој ги поврзува хотелот „Холидеј Ин“ и новата зграда на Министерството за надворешни работи, кое дел од проектот Скопје 2014.
19:50 Илјадници граѓани се движат кон Министерството за надворешни работи.
19:40 Активистите на #Протестирам положија цвеќе пред споменикот на Карев
Активистите на #Протестирам положија цвеќе под споменикот на Никола Карев, кој се наоѓа веднаш пред Собранието, за да одбележат 111 години од неговата смрт, на 27 април 1905.
19:35 Стефан Богоев: Шарената револуција е најдобар одговор на режимското сивило
Пратеникот од редовите на СДСМ, Стефан Богоев денеска им се обрати на собраните граѓани пред Собранието, кои се дел од денешниот марш на граѓанското движење #Протестирам.
„Ова наша Шарената револуција е најдобар одговор на режимското сивило“, изјави Богоев.
19:17 На протестот пред Собранието, ечи „Во борба македонски народе“.
19:06 Демонстрантите пристигнаа пред Собранието. Се слушаат извици Извици на „Оставка, оставка“ и „Мафија на робија“.
19:00 Исчистена канцеларијата на Иванов.
18:55 Илјадници демонстранти откако изразија поддршка пред СЈО, тргнаа кон Собранието. #Протестирам и денеска бара оставка од Ѓорге Иванов, бидејќи помилува 56 политичари и лица блиски до нив и одложување на изборите.
18:39 Почна протестот пред СЈО, голем број на свирчиња и македонски знамиња во знак на поддршка на СЈО. Демонстрантите извикуваат „Нема правда нема мир!“.
18:20 Слободата е скапа.
17:57 Граѓаните масовно почнаа да се собираат пред СЈО во знак на поддршка од каде ќе продолжат со протестен марш низ улиците на Скопје.
17:30 Ванхауте за избирачкиот список.