Маж загина при вкрстен оган со полицијата што се случи денеска околу пладне во Сплит, пред Ерсте банка.
Според очевидци, како што пренесуваат хрватските медиуми, маскиран маж влезе во банката, каде со пиштол бараше пари. Чувар се обиде да го спречи, па разбојникот побегна од банката.
Во тој момент по улицата се движеа две полицајки кои беа во патрола, а кога ги виде разбојникот почна да пука кон нив, на што тие возвратија.
Соседите од околните згради велат дека слушнале осум истрели. Се очекува полицијата подоцна да објави детали.
Телото на загинатиот разбојник е лоцирано на неколку метри од банката.
Се уште не е целосно јасно колку пари имаше во сивата чанта покрај неговото тело.
Зградата на Ерсте банка се наоѓа на само 10 метри од општинските и окружните судови и околу 30 метри од зградата на Полициската управа на Сплит – Далмација.