ВИДЕО: Со солзавец и водени топови полицијата ги растера демонстантите од Таксим и Гези

Од:

Турската полиција синоќа повторно влезе во паркот Гази и употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.

Со специјална опрема за разбивање на протести, со водени топови и солзавец полицијата ги растера демонстрантите од плоштадот Таксим и паркот Гези.

Полицијата претходно упатила апел до демонстрантите: „Ова е нелегален чин, ова е наше последно предупредување кон вас – евакуирајте се“.

Демонстрантите брзо се упатиле кон паркот, но подоцна подигнаа барикади низ околните улици и запалија оган.

Илјадници луѓе, исто така, излегоа на улиците на главниот град, Анкара, за да изразат поддршка за протестите.

Ова се случува кратко откако премиерот Реџеп Таип Ердоган предупреди дека окупирањето на паркот од страна на демонстрантите треба да заврши, по што се зголемија тензиите на антивладините протести на плоштадот Таксим кои траат веќе две недели.

Конфедерацијата на синдикати јавни работници (КЕСК), рече дека ќе се повика на национален штрајк утре, додека друг синдикат одлучува дали да се вклучи во акцијата.

Околу 5.000 луѓе се повредени, а најмалку четворица загинати од почетокот на протестите на 31 мај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски