ВИДЕО: Со силно полициско обезбедување Србите и Муслиманите на Доброволјачка улица во Сараево

Од:

Јаки полициски сили беа присутни во Сараево на поранешната Доброволјачката улица каде претставници на Владата на Република Српска положија цвеќе и запалија свеќи за загинатите припадници на ЈНА.

Околу 100 луѓе од Република Српска присуствуваа на овој настан на кој организирано допатуваат во Сараево со три автобуси.

Неколкумина нодеа знамиња на Босна и Херцеговина и извикуваа „Босна, Босна“ и ја пееја некогашната химна „Една си единствена наша татковина, Босна и Херцеговина“, додека Србите полагаа цвеќе во Сараево.
avtobus-za-saraevo
Групата се наоѓаше на другата страна на реката Милјачка, а церемонијата за одбележување на страдањето на припадниците на ЈНА помина без инцидент.

Министерот за труд и инвалидска заштита на Република Српска Петар Ѓокиќ рече дека „ова е ден кој има посебно значење за Република Српска, и дека злосторството што се случило на 2. мај нема да се заборави“.

Во исто време и припадниците на здружението „Зелени беретки“, се наоѓаа на истото место за да положат цвеќе за загинатите жители на Сараево и припадниците на армијата на БиХ.
zeleni-beretki-sarajevo-05_f
Претседатекит на организацијата „Зелени беретки“ Вахид Алиќ оцени дека 2. и 3. мај се најзначајни за опстанокот на БиХ.

– ЈНА многу порано од случувањата во Доброволјчаката улица постави оружје околу градот, а на почетокот на мај планот беше да се зароби Алија Изетбеговиќ и да се завземе зградата на парманетот.

– Со тоа ќе се покореше овој народ и БиХ немаше да псотои.

– Треба да се присетиме и на провокациите на разни резервисти кои се закануваа со уривање на зградата и слично. Сето тоа им претходеше на случувањата од 2. и 3. мај, рече Алиќ пред новинарите во Сараево.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски