(ВИДЕО) СДСМ: Неспособната власт со денови ги остави пациентите на Онкологија без лекови

Од:

„Неспособната власт со денови ги остави пациентите на Онкологија без лекови и соодветна терапија. И наместо да преземе одговорност, да формира штаб, веднаш да го реши проблемот од власта слушаме несериозни изговори и оправдувања, за својата неспособност обвинуваат други. Ова само потврдува дека станува збор за луѓе без грам одговорност, без трошка човештво и грижа за граѓаните“ изјави денеска Белкиса Зеќири, член на Извршниот одбор на СДСМ.

Според неа, „единствено што ги интересира е како да си ја спасат сопствената кожа а не како да помогнат на пациентите на кои животот им е загрозен. Одговорноста за голготата низ која поминуваат онколошките пациенти е целосно кај власта поради неодговорното и ненавремено планирање и финансирање на јавните набавки за овие лекови“.

„За пациентите кои сега страдаат и го ризикуваат животот одговорни се директорот на Клиниката на Онкологија, Директорот на Фондот за здравство и министерот Таравари – никој друг! Затоа и треба да понесат одговорност. Власта да не си поигрува со човечки животи и да не бара срамни оправдувања, пациентите од тоа немаат ништо, тие чекаат лек за живот. Директорот на Клиниката за Онкологија, Игор Стојковски, Директорот на Фондот, Сашо Клековски и министерот за здравство, Таравари, веднаш да поднесат оставки“ вели Зеќири.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски