(Видео) Сашко Коцев: Театарот е на маргините, неколку месеци сме без министер за култура

Од:

Актерот Сашо Коцев кој го игра ликот на Макбет во утрешната премиера на Македонскиот народен театар на денешната прес конференција духовито ја критикуваше општата состојба во културата кај нас, потсетувајќи дека театарот е огледало на општеството а сепак тој во моментов е на самите маргини.

Според него суеверието што владее дека кога се поставува „Макбет“ се случува некоја трагедија, во овој случај се реализирало со тоа што првите средства уплатениза претставата биле одземени од извршители. Овој проблем на МНТ е поради наследените долгови од претходните раководители.

„Постои некое суеверие дека кога се поставува „Макбет“ неизбежно го следи некоја несреќа. За среќа нам не ни се случи ништо страшно во личните животи но ете првите средства што беа уплатени за претставата беа блокирани од извршители. Неколку месеци немаме министер за култура и состојбата во културата а посебно во театарот навистина станува сериозна“, рече Коцев.

За улогата на Макбет, Коцев потенцираше дека во договор со Витошевиќ, изградиле лик кој сепак ќе се справува со грижата на совест наспроти бескрупулозните постапки.

Режисерката Нела Витошевиќ преку „Макбет“ сакала да проговори за денешното време, за болната желба за моќ и воопшто да ги отвори прашањата до каде сме стигнати како цивилизација, како општество и како единки.

Претставата е подготвувана четири месеци и е прв проект на Витошевиќ со како што таа вели посериозен буџет со кој таа се обидела да ги реализира потполно своите креативни капацитети.

На сцената на МНТ „Макбет“ е премиера по апстинирање од шест месеци. Во претставата играат : Сашо Коцев (Макбет), Драгана Лошкова (Леди Макбет), Сенко Велинов ( Кралот Данкан), Дениз Абдула (Малколм), Благој Веселинов (Макдаф), Наталија Теодосиева, Ана Стојановска и Ивана Павлаковиќ (Вештерки 1,2,3) Стефан Вујисиќ (Банко) и други.

Костимити се на Роза Трајчевска-Ристовска, сценограф е Константин Трпеноски а композитор Огнен Анастасовски. За текстот е користен препевот на делото на Шекспир од Богомил Ѓузел.

Ана Василевска

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ