(ВИДЕО) Руски милионер загина во сообраќајка – со „ламборџини“ удри во заштитна ограда

Од:

Милионерот Алексеј Долгих (36) заедно со тројца пријатели со неговиот „ламборџини урус“ вреден 375.000 евра изгуби контрола со брзина од 150 км/ч и удри во заштитна ограда во Москва. Тој загина во несреќата.

Автомобилот се преврте и слета на прометниот дел од патот околу 1:30 часот по полноќ, каде што се запали.

Делови од возилото прелетаа преку мостот, додека купишта пари беа пронајдени расфрлани по автопатот.

Долгих и неговиот придружник Иван Соловјов починаа на лице место, додека Никита Тезиков (21) и Кирил Мочалов (22) беа префрлени во болница со сериозни повреди, но преживеаја.

Државниот сообраќаен инспекторат потврди дека Долгих ја изгубил контролата кога удрил во оградата, предизвикувајќи автомобилот да се преврти и веднаш да се запали.

Оваа несреќа се случува веднаш по бруталното убиство на друг руски крипто-тајкун, Роман Новак (38) и неговата сопруга, поранешната тв репортерка Ана (37), чии распарчени тела беа пронајдени минатата недела во пустината во Дубаи.

Би можело да ве интересира

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Песков: Меѓународното право повеќе не постои, заменето е со беззаконие

Горан Наумовски

Русите лансираа смртоносна нова ракета