„Привид“ е приказна чија изведба обединува три медиуми. Ноќниот клуб „Балет“ е алтернативниот физички простор кој се користи како театарска сцена, директниот пренос на радио ја пренесува претставата во форма на радио-драма, а истата има и директен аудио-визуелен пренос на веб страната на независниот театар „Театра“.
Текстот на „Привид“ како што вели режисерката Билјана Радиноска е колективна работа на целата екипа, и сите имаат свој дел во развивањето на оваа иновативна форма на драмскиот израз.
Можноста претставата да се следи на три медиуми и овозможува на публиката да доживее различни искуства, а со тоа не само што ги активира сите сетила кај публиката , но ги става во функција на разоткривање на целата претстава.
„Работевме на едно место, луѓе од различни профили и дадовме различен допринос во однос на својата професија“, вели современата танчерка Викторија Илиоска.
Претстава зборува за врската меѓу двајца луѓе, но таа физички ги отсликува и нивните состојби, затскриени чувства и значења.
Темјана Поповска