(ВИДЕО) Петрушевски: ЕСМ во 2017 година имаше 20 милиони евра на сметка, а во 2024 имаше минус од 80 милиони евра

Од:

„СДС ги уништи енергетските претпријатија. И како последица на тоа струјата во нивно време се зголеми за над 50%. ЕСМ беше оставено во 2017 година со 20 милиони евра на сметка, за во 2024 година, кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт го затекне со минус од 80 милиони евра. 7 години власта на СДС не изгради ниту еден нов енергетски објект, а од сметката на буџетот префрлени над 370 милиони евра на ЕСМ“ рече денеска на прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

Тој вели „очигледно е недомаќинското работење на власта на СДС, која заради бизнис профит на поединци организираше скап увоз на јаглен и на струја“.

„Милиони евра народни пари се потрошени заради бизнис зделки на малкумина, а сето тоа народот го плати не само од буџетот, туку и преку поскапи сметки за струја. На криминалното работење во енергетиката се стави крај. Одговорност ќе има. А новото раководство на ЕСМ работи на консолидација на претпријатието“ порача Петрушевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Кашиковски од ССМ со плата од над 50.000 денари, Трендафилов и луѓето околу него со енормни примања

Петрушевски: ССМ и Трендафилов ги лажат работниците за минималец, додека генералниот секретар на УПОЗ зема 80.000 денари плати

Петрушевски: Тендерот за анкетите е согласно годишниот план, ако одиме по аналогијата на СДС за донации во Кочани треба да оди хациендата на Филипче на Водно

(ВИДЕО) Петрушевски: Институциите да го повикаат на распит Јон Фрчкоски

(ВИДЕО) Петрушевски: Го прашуваме Јон дали тоа што користи е наркотична супстанца кокаин?

Трендафилов се појави со Собранието, ни не се сретна „за координација“ со пратеникот Петрушевски