(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

Од:

Бразилскиот напаѓач Нејмар се пресели од Пари Сен Жермен во саудиски Ал Хилал во август 2023 година, но веќе во средината на октомври минатата година ги скина вкрстените лигаменти и менискусот. Досега одигра само пет натпревари за саудискиот клуб, а во солзи го најави враќањето.

„Знам дека сте нетрпеливи, па и јас, но на 21 октомври му се враќам на фудбалот. Најмногу сакам во животот да играм фудбал. Секој ден страдам кога сум далеку од фудбалот. Се враќав по секоја повреда претходно, така ќе биде и сега“, изјави Нејмар.

Тој се повреди играјќи за националниот тим во квалификациите за СП 2026 против Уругвај.

„Тоа е она што најмногу ме боли. Моето доаѓање во Ал Хилал, раѓањето на ќерка ми, сето тоа се случуваше и направи одлична година, а потоа се случи повредата. Почувствував голема болка и веднаш сфатив дека е сериозно. Најважните работи во мојот живот се пријателите, семејството и фудбалот“, изјави Нејмар за бразилските медиуми.

Нејмар отпатува за Обединетите Арапски Емирати на мечот од азиската Лига на шампиони против Ал Аин, кој започнува денеска во 18 часот.

Ал Хилал добро се снајде и без Бразилецот кој е платен 100 милиони евра по сезона.

Пред Ал Хилал, Нејмар играше за Сантос, Барселона и ПСЖ.

За Бразил забележа 128 настапи, чиј рекорд е 79 гола.

Би можело да ве интересира

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

ВИДЕО: Роналдо во солзи, неутешен по поразот во Купот на кралот

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ