Напаѓачот на Реал Мадрид, Бразилецот Винисиус јуниор доцна синоќа направи скандал откако со двете раце го оттурна македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и доби директен црвен картон. Сето ова се случуваше на мечот меѓу Валенсија и Реал Мадрид на „Местаља“.
تابع الحساب الاساسي @SIRDlV
تابع الحساب الاساسي @SIRDlV#ValenciaRealMadrid pic.twitter.com/Za3Bmn34wA— ريــ’ـال مدريـ’ـدxفالـنـ’سـيـا (@Fxngzw5196X) January 3, 2025
По оваа ситуација Винисиус продолжи со агресивно однесување, се обиде да се пресмета и со судијата. Соиграчите успеаја да спречат понатамошно ескалирање на ситуацијата.
Според правилниците на Шпанската фудбалска федерација, ваквото агресивно однесување може да резултира со суспензија од четири до дванаесет натпревари.