(ВИДЕО) Маски паѓаат, луѓе се молат – се појави видео снимено во авионот пред тој да се сруши

Од:

Авионот на „Азербејџан ерлајнс“ Ембраер 190, кој леташе од Баку за Грозни, Русија, се урна во казахстанскиот град Актау со 69 патници и членови на екипажот.

Казахстанското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека местото на несреќата е на околу 3 километри од аеродромот Актау.

Авиокомпанијата објави дека прелиминарната причина за падот на авионот е судир со јато птици.

Во авионот имало 42 државјани на Азербејџан, 16 државјани на Русија, шест државјани на Казахстан и тројца државјани на Киргистан, изјавија за РИА Новости.

На социјалните мрежи се појави видео од авионот непосредно пред падот на леталото.

Според руските медиуми, еден од патниците направил видео и фотографии и и ги испратил на сопругата откако сфатил дека авионот ќе се урне.

На видеото се слуша како луѓето се молат, а се гледаат и маски за кислород како паѓаат кога има итен случај во авионот.

Би можело да ве интересира

НАТО бара детална истрагата за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“

(ВИДЕО) Не можам да издржам: Откриени последните зборови на пилотот од авионот на смртта

ВИДЕО: Пред падот слушанле експлозија, сведоштва на преживеаните од авионот што се урна во Казахстан

Катерина Ѓуровски

Падот на авионот во Казахстан го преживеаја 29 лица – 38 загинаа

А1он

Росавијација ја објави причината за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“