„Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ. Не сносејќи никаква одговорност, се расфрлаа со лаги, манипулации и со нивните јавни говори се обидоа да го девалвираат банкарскиот систем“ рече денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели „Излажаа за забраната на Алта банка, излажаа дека банката е неликвидна, дека ќе пропадне, дека граѓаните ќе останат без своите пари и што ли уште не излажаа“.
„За на крајот да испадне дека сето тоа што го говореа е лага. Да излезе, дека тие биле првите кои влегле во деловни односи со Алта банка и Давор Мацура. Затоа денес бегаат од надзорната расправа и бегаат од вистината која излезе на виделина. Бегаат затоа што знаат што правеле и мислат дека и другите ќе прават како нив. Едноставно кај Филипче и СДС работи Фројд“ рече Манасиевски.
