(ВИДЕО) Лука Дончиќ со нов рекорд влезе во историјата на НБА

Од:

Словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ продолжува да ги воодушевува кошаркарските фанови ширум светот.

Во убедливата победа на Лос Анџелес Лејкерс против Минесота Тимбервулвс (128:110), Дончиќ уште еднаш покажа зошто многумина го гледаат како главен кандидат за наградата за најкорисен играч на сезоната.

Во отсуство на Леброн Џејмс, Лука ја презеде целосната контрола врз играта и ја одигра улогата на вистински лидер.

Тој беше незапирлив на паркетот – постигна 49 поени, додаде 11 скока, а само две асистенции недостасуваа за нов трипл-дабл.

Со овој настап, Дончиќ влезе во историјата на НБА – тој стана единствениот играч кој, во првите два натпревари од новата сезона, постигна повеќе од 40 поени, 10 скока и 5 асистенции.

Светските медиуми се полни со пофалби за фантастичниот Словенец, кој докажа дека е подготвен да биде лидер на Лејкерси дури и во сезона во која тимот има големи амбиции.

Би можело да ве интересира

Драма меѓу Лука Дончиќ и неговата поранешна свршеница: Сакал да ја однесе ќерка си во Америка, таа повикала полиција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Холивуд тврди – актерката Меделин Клајн е причината за раскинувањето на свршувачката на Лука Дончиќ

А1он

Лука Дончиќ ја купи луксузната вила на Марија Шарапова за неверојатни 23,4 милиони евра

ВИДЕО: Дончиќ шоу на Еуробаскет, со 42 поени против Италија ги одведе Словенците во четвртфинале

Дончиќ останува „езeрџија“ до 2029 година за 229 милиони долари

А1он

Дончиќ кога дозна за преселбата од Маверикс во Лејкерс го скрши телефонот

А1он