(ВИДЕО) Левица: Сергеј Попов возел пијан и удрил жена – место во затвор, стана пратеник

Од:

Претседателот на УМС и пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија, Сергеј Попов, во 2014 година, бил фатен пијан зад воланот, со 1,43 промили алкохол во крвта, без дозвола за возење и притоа предизвикал тешка сообраќајна несреќа, повредувајќи невина жена. Доказ за ова е Пресудата за обвинетиот Сергеј Попов, рекоа денеска од Левица.

Од таму посочуваат дека „наспроти сето тоа, лицемерниот Сергеј Попов деновиве јавно повикува на протести против убијците и возачите кои удираат, повредуваат или убиваат пешаци, а и самиот е виновен за вакво кривично дело. И покрај тоа што неговите сопартијци во ДПМНЕ сакаат да го претстават како борец за правда, јавноста добро знае да процени дека не може некој како Сергеј, што е осуден за несовесно возење без положен возачки испит, за возење под дејство на алкохол и за предизвикување сообраќајна несреќа, да зборува за правда и системски реформи“.

„Како може Попов да се дрзне да зборува за системот кој убива? Сергеј Попов, кој ги загрозува животите на другите, сега го користи своето криминално досие како платформа за нова политичка кариера. Тоа што повикува на протести е само обид да го прикрие од очите на јавноста своето криминално минато, користејќи ги трагедиите на другите луѓе за свој личен интерес“ е ставот на Левица поради кој партијата „бара од Сергеј Попов да си даде неотповиклива оставка од функцијата пратеник и оставка од функцијата претседател на вмровската УМС“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1