(ВИДЕО) Лефков: Буџетот за 2025 е развоен, раст на економијата од 3.7%, повисоки плати и пензии

Од:

„Буџетот за 2025 година кој го предлага Владата на ВМРО-ДПМНЕ е развоен и има за цел економска трансформација на Македонија. Со Буџетот се има за цел да се подржи економскиот раст, кој е проектиран на 3.7%. За разлика од времето на СДС и ДУИ, со напорна работа на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за само неколку месеци имаме реално зголемување на приходите од даноци и царини уште оваа година, а тоа е проектирано да се прелее и во 2025 година. Со Буџетот се проектира раст на приходите од ДДВ за 10.5% повеќе од сега. Додека растот на приходите од царини ќе биде 20%“ рече денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Според него, „Зголемените приходи во Буџетот ќе значат повеќе пари за народот. Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 2025 година со буџетот предвидува повисоки плати за наставниците и образовните работници од основното до високото образование. Ќе има повеќе за сите“.

„Покачување ќе добијат и здравствените работници, државната администрација и полицијата. Во 2025 година следува и второто зголемување на пензиите од 2500 денари за сите пензионери. Покрај тоа што Владата зголемува во делот на средствата кои одат директно кај народот, истата проектира намалување во ставката набавка на стоки и услуги за 0.5%. 2025 година ќе биде развојна година, со многу инвестиции, развој на компаниите и зголемена благосостојба за граѓаните“ рече тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Штаб на СДС сместен во куќата на судијката која го спаси возачот убиец од затвор

А1он

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци во време на СДС наместо затворски добиле пониски казни

За веледрогеријата „Пановски“ изјавите на Лефков се директна закана и клевета, најавуваат правни дејствија

Катерина Ѓуровски

Лефков: Мафијата на смртта поддржана од Филипче за три години земала 35 милиони евра тендери само од Онкологија

(ВИДЕО) Лефков: СДС и Филипче решиле да тонат и да останат заложници на Груби

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДСМ ќе докажат дека уште го штитат