(ВИДЕО) Куче во училиште нападна и повреди деца, го застрела училишниот полицаец

Од:

Четири деца се повредени вчера во напад на куче на училиште во Косово, во селото Широки кај Сува Река, околу 9 часот и 40 минути.

Кучето влегло во училиштето и ги нападнало учениците кои бегале од него.

Кучето каснало повеќе деца, а најмалку едно дете е тешко повредено. На снимката од надзорните камери објавени во медиумите се гледа како кучето влегува на главната врата од училиштето и се движи кон учениците.

Кучето влегло во училиштето откако учениците се враќале од одмор со храна. Откако влегол во училиштето почнал да напаѓа деца. Се сомнева дека кучето било заразено со беснило.

Кучето го нападнало и училишниот полицаец, кој потоа го убил со службеното оружје.

Од хоспитализираните деца едното е отпуштено од болница, додека другото е на Инфективно одделение.

Сопственикот на кучето бил приведен набргу по нападот и обвинет за предизвикување јавна опасност.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски