(ВИДЕО) Иран собори американски воен авион, пилотот се катапултираше – даваат награда за неговото заробување

Од:

Иран собори американски воен авион, објави Аксиос, повикувајќи се на извор запознаен со инцидентот.

Доколку информациите се потврдат, тоа ќе е првиот американски авион соборен од непријателски оган од почетокот на војната. Американската војска и Белата куќа сè уште не ги коментираат овие написи.

Порано денес, иранските државни медиуми објавија фотографии и видеа на кои наводно се прикажани делови од соборениот авион, како и едно од седиштата за катапултација.

Според снимката, се претпоставува дека станува збор за борбен авион Ф-15.

На социјалните мрежи се појавија и снимки од хеликоптери на американските воздухопловни сили Ц-130 Херкулес и УХ-60 Блек Хок кои изведуваат борбени операции за пребарување и спасување (CSAR) над јужен Иран утрово, по извештаите за соборен борбен авион Ф-15Е Страјк Игл.

Се нуди награда за апсење на катапултираниот пилот на авионот.

„Ако го заробите жив непријателскиот пилот или пилоти и ги предадете на полицијата, ќе добиете вредна награда“, се вели во објавата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заробен е пилотот на соборениот авион Ф-35 во Иран

А1он

Иранска закана за САД: Ќе го уништиме целиот ваш имот и инфраструктурата во регионот

А1он

ВИДЕО: Како изгледа највисокиот мост во Иран по нападот

Војната во Иран е фијаско, Time објави инсајдерски извештај од Белата куќа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Израел под нови ирански напади

Катерина Ѓуровски

ЕУ ги разгледува сите опции поради влијанието на војната врз снабдувањето со енергија