(ВИДЕО) Хрватскиот вицепремиер Јосип Дабро снимен како пука со пиштол низ прозорецот од автомобил

Од:

Во јавноста во Хрватска протече видео снимка на која министерот за земјоделство и актуелен вицепремиер Јосип Дабро пука со девет истрели од пиштол ХС-2000 низ отворен прозорец додека се вози во приватен автомобил.

Според она што може да се види на видеото, Дабро се вози на совозачкото седиште во автомобилот и лежерно е облечен во шорцеви и маичка, што навестува дека видеото е снимено во текот на летото.

Во позадина се слуша народна музика.

Се чини дека пукал во близина на населено место бидејќи низ прозорецот се гледаат уличните светилки, а во еден момент се гледа и куќа.

Преку прозорецот тој испука девет истрели од пиштолот. Потоа го става пиштолот во близина на совозачкото седиште каде што седи и вели: „Поздрав, брат Марио, добра ноќ“.

Засега нема реакција од Владата.

Инаку вицепремиерот Дабро ја потврди автентичноста на снимката.

„Тоа е видео од пред неколку години, а јас пукав од пиштол со маневарски куршуми, тоа беше приватна прослава, можеби дури и раѓањето на синот на мојот брат, а видеото го испратив исклучиво на нашата пријателка Марија Радиќ и никому друг“, изјави Дабро за „Јутарњи“ и додаде дека нема да поднесе оставка.

Би можело да ве интересира

Топ разнесе човек пред многу сведоци во Хрватска

А1он

Четворица мигранти спасени од надојдената река Сава се во болницата во Винковци

Горан Наумовски

Божиновиќ ги објави деталите за спасувањето на луѓето што паднаа во Сава, предупреди дека постои можност да има жртви

Голема спасувачка операција на реката Сава во близина на Бабина Греда: „Неколку луѓе се во водата“

(ВИДЕО) Ветерот корне дрвја и носи покриви во Хрватска: Училиштата се затворени во 4 окрузи, снегот го парализира сообраќајот

Железничка несреќа во Хрватска, тројца патници се повредени