Само што започна четвртата минута од натпреварот од третото коло од Лигата на шампионите помеѓу екипите на Пафос од Кипар и Каират Алмати од Казахстан кога крилниот напаѓач на кипарскиот тим, Жоао Кореја се обиде да шутне една висока топка, но сепак го удри дефанзивецот на Каират – Луис Мата во главата.
4′ Red card to João Correia (Pafos FC)
pic.twitter.com/V5HfIkNqd1— FutDball ⚽️ (@FutDball) October 21, 2025
Англискиот судија Крис Каванаг немаше друг избор освен да му покаже црвен картон на напаѓачот на Пафос, кој не протестираше премногу бидејќи знаеше дека неговиот потег е опасен за противничкиот играч.
29-годишниот репрезентативец на Зелено’ртските Острови мораше да го напушти теренот по само три минути и три секунди, што е најбрзо заработениот црвен картон во историјата на Лигата на шампионите.
Претходниот рекордер беше Украинецот Олександр Кучер, кој во 2015 година, на средбата меѓу неговиот Шахтјор и Баерн Минхен, заработи исклучување за три минути и 59 секунди поминати на теренот.