(ВИДЕО) Фрчкоски: Мицкоски ја труе Македонија – СДСМ бара 5 милиони евра од прославата со пејачи да се пренаменат за чиста вода

Од:

„Водата веќе не е за пиење во 7 населени места во Македонија. Гостивар, Валандово, Крушево, Пласница, Прилеп, Лешок, Преглово. Прашање е кој град е следен. Бидејќи изворот Студенчица го користат и Кичево, Македонски Брод, Долнени, ризикот е дека и за овие места водата може да биде загадена. Мицкоски отвора базени додека во седум населени места водата е неисправна за пиење, а низ Лепенец и Вардар тече бела пена. Отровот стигна и до главниот град Скопје“ рече денеска на прес-конференција Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор на СДСМ.

Тој вели „Најосновната животна потреба на граѓаните, за чиста и здрава вода е загрозена. Ова е системски колапс на институциите под команда на Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО. Мицкоски ја труе Македонија. Буквално. Во вакви околности, на затруени цели градови, болни, со можни извори на зарази, каде граѓаните немаат пристап до чиста и здрава вода, крајно несоодветно, нехумано и неодговорно е да потрошат 5 милиони евра за прослава на независноста со скапи пејачи и артисти. Не е патриотски чин 5 милиони евра да завршат кај пејачи и провизии во џебови на власта“.

„Најпатриотски чин на денот на независноста е да се обезбеди здрава вода за македонските граѓани. Бараме да се пренаменат овие 5 милиони евра и наместо за скапи пејачи да се дадат за чиста вода за македонските граѓани. Пречистителни станици, филтер станици, резервоари за вода, обнова на водоводни цевки, нови инсталации. Можеме 35 години од незавиноста да прославиме поскормно и поздраво, со народ кој нема да се труе со пуштање на чешмите дома. Со чиста вода и чисти реки. За здравје, за вода се работи. Владата на Мицкоски досега криеше од јавноста колку пари ќе потроши за прославата, но АКТ денеска открива. Додека Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја трујат цела Македонија – немаат милост за тендери и провизии“ вели Фрчкоски.

Вели „Не може народот во цела Македонија да се труе а некој да лапа милионски провизии. Не може да нема за вода, за плати, за пензии а да се трошат 5 милиони евра. Пренаменете ги парите! 5 милиони евра се многу пари, да им обезбедиме на луѓето чиста и здрава вода. За Македонија се работи“.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело