На вчерашниот партиски митинг, пред голема маса насобран народ, премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган, на почетокот се заблагодарил, обраќајќи им се на илјадниците жители на Македонија, Косово, Босна и Херцеговина и другите балкански земји кои организирале собири за да го поддржат.
„Им благодарам на Скопје, Гостивар, Сараево, Малезија, Босна и Херцеговина, Македонија и на секој човек кој дошол на собирите за поддршка“, рекол Ердоган.
Премиерот на Турција изјавил дека во Анкара “на странските медиуми им е дозволено да известуваат во врска со последните случувања во Турција”.
Ердоган изјавил дека во текот на демонстрациите во земјата биле уништени 12 објекти на неговата партија и прашал: “Дали тоа е вашето разбирање на демократијата и слободата? Дали сето тоа навистина е поврзано со паркот Гези?”.
„Tурскиот народ ја штити својата Влада. Народот ја штити демократијата и слободата на изразување Ние нема да дозволиме било кој повторно да ја дели Турција на улици, села, градови, области и сите да стравуваат од меѓусебни непријателства.Ние сите сме Турција. Ова единство никој нема да може да го наруши“, порачал Ердоган.