Полицијата во Сараево, по повикот на контролорите на билети во градскиот трамвај, приведе едно момче поради тоа што немало билет.
Очевидецот Јасмин Чустовиќ, настанот го забележал на својот мобилен телефон и видео записот и го доставил на редакцијата на интернет порталот „Klix.ba“.
На снимката се гледа како четири униформирани полицајци го извлекуваат момчето од трамвајот, додека останатите патници негодуваат извикувајќи „Го приведуваат момчето поради билет како не ви е срам. Пуштете го“.
Инцидентот се случил на трамвајската станица, кај Кампус Универзитетот.
По извлекување од трамвајот, момчето е приведено од полицајците.
Елена Георгиевска