(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

Од:

„Структурните реформи со кои Филипче и СДС сугерираа нивен нов почеток, на повидок никаде ги нема и покрај фактот што Филипче ја доведе СДС до степен на трета партија во државата и петта на ниво на Градот Скопје. Јасно е дека со ваквото однесување СДС навлегува во се подлабoка политичка криза. Безидејноста и дезориентираноста кај СДС е очигледна и дополнително ги поткопува нејзините веќе разнишани темели“ рече денеска на прес-конференција Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа рече дека „Крајно време е СДС да се реформира. Оставката на Филипче е неизбежна доколку партијата сака и понатаму политички да егзистира“.

„Во СДС има чесни и трудољубиви активисти, но не можат да дојдат до израз поради Филипче, неговиот ментор Заев и политиките што ги водат со кои го доведоа СДС во овој стадиум. Македонскиот политички систем има потреба од опозиција со интегритет и визија, затоа СДС мора конечно да се ослободи од прангите на Филипче и Заев“ порача Андоновска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“