Форум на жени СДСМ: Најостра осуда на срамната и дискриминаторска навреда на Кочовска кон Петровска

Од:

„СДСМ и Форумот на жени најостро ја осудува денешната срамна, навредувачка и дискриминаторска изјава на министерката за финансии, Кочовска, кон пратеничката Славјанка Петровска. Во обид да избега од личната одговорност за сериозното влошување на животниот стандард на сите граѓани, Кочовска посегна по коментирање на приватниот живот на Петровска, потсмевајќи и се дека нема семејство и дека не е мајка“ реагираа денеска од опозициската партија.

Велат „Ова е уште една во низата потврди за тоа дека ДПМНЕ без никакви резерви и секогаш прибегнуваат кон дискриминација и понижување на жените. Кочовска се дрзна да ѝ каже на Петровска дека таа не знаела колку троши четиричлено семејство затоа што немала деца и живее сама“.

„Во типичен и крајно дрзок дпмневски манир, Кочоска ѝ кажа на Петровска дека воопшто не ја почитува. Ова е најдолниот настан којшто се случил во македонскиот парламент. Бараме Кочовска да излезе и јавно да се извини на Петровска и на сите жени кои денеска ги омаловажи и ги понижи. Ги повикуваме и од Унијата на жени на ДПМНЕ, да реагираат и да ја осудат оваа срамна изјава заедно со навредите на Кочовска. Мора да се стави крај на дискриминацијата против жените и оние кои се борат за баланс помеѓу работниот, семејниот и социјалниот живот“ велат од Форум на жени на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Заев: Девојки и жени, немојте да молчите – тука сме да ви помогнеме

Жарко Настоски

(Видео) Самохрана мајка: Ни треба заштита од институциите на системот

Предраг Петровиќ