ВИДЕО: Еден полицаец загина, а двајца се повредени при напад врз полициска станица во Зворник

Од:

Еден полицаец вечерва е убиен, а двајца се повредени откако еден маж упаднал во полициската станица во Зворник и пукал, јави ФЕНА.

Според локалните медиуми нападот бил извршен од припданик на вахабиското движење, кој вооружен со автоматска пушка пукал врз полицајците. Напаѓачот извикал „Алах е голем“.

zvornikPolicija

– Напаѓачот е совладан и убиен, потврди за ФЕНА портпаролката на Центарот за јавна безбедност на Бјелина, Александра Симојловиќ.

По нападот свикана е итна седница на Владата на Република Српска.

zvornikPolicija1

Министерот за внатрешни работи на РС, Драган Лукиќ изјави дека „станува збор за најлош терористички акт“ и оти полицијата го подигнала степенот на безбедност на највисоко ниво.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници