Загрозена е безбедноста на црногорскиот претседателот Јаков Милатовиќ

Од:

Полициската управа и Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора итно излегоа со заедничко соопштение во врска со загрозувањето на безбедноста на претседателот Јаков Милатовиќ.

Како што се посочува, Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора на 6 ноември дошла до информации за потенцијална закана на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, за што го информирала во директна комуникација.

За наведеното Агенцијата го известила директорот на Полициската управа.

Исто така, Агенцијата спроведе голем број активности за проверка и продлабочување на горенаведените податоци, како и за проверка на веродостојноста на изворите. Во оваа насока, досегашните сознанија упатуваат на заклучок дека веројатно се работи за дистрибуција на дезинформации од страна на трети земји.

Агенцијата за национална безбедност, во соработка со Управата на полицијата, ќе продолжи континуирано да спроведува безбедносни заштитни мерки во однос на претседателот на Црна Гора и членовите на неговото потесно семејство.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Црна Гора: На владата е да одлучи за спонзорирање на резолуцијата за Сребреница

Милатовиќ поднесе оставка од сите функции во партијата

Средба на претседателот Пендаровски со претседателот на Црна Гора

Милатовиќ: Црна Гора на иста линија со ЕУ – потребни се нови избори во северно Косово

Милатовиќ не го сака скапиот „мајбах“ од Ѓукановиќ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Новиот црногорски претседател ја презеде функцијата